Ханси Флик веднаш е тренер на месецот во Примера

Новиот предводник на Барселона, Ханси Флик, веднаш беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Примера за месец август. 

Каталонскиот гигант е лидер во првенството, има максимални дванаесет бода по четири рунди во Примера. Флик добро го постави тимот и веднаш на стартот има добри резултати. 

Барселона на почетокот на сезоната трипати победуваше по 2-1 против Валенсија, Атлетик Билбао, Рајо Ваљекано, а Ваљадолид го декласира со 7-0.

Во трката за признанието Флик ги победи тренерот на Виљареал, Марселињо, како и Луис Гарсија Плаза од Алавес.