Ханси Флик со неверојатни бројки стана најдобар во историјата на Баерн

Баерн Минхен во декември се спремаше за проблематичен период и навикнување на нов тренер и нови методи, кога беше отпуштен Нико Ковач. Како привремена опција се наметна асистентот Ханси Флик, кој подоцна ги убеди челниците да добие перманентен договор. 

Денешниот убедлив триумф на Баерн против Фортуна Дизелдорф (5-0), беше 25-ти натпревар на Германецот на клупата од клубот, а веќе стигна до неверојатен рекорд кој досега го држеше Пеп Гвардиола. 

Ханси Флик на своите први 25 натпревари како стратег на Баерн запиша неверојатни 22 победи, две нерешени средби и еден пораз, што е најдобар успех на клубот уште од приклучувањето во Бундеслигата во далечната 1965 година. На овие дуели Баварците постигнаа и неверојатни 80 погодоци, а примија 16, што е во просек по 3,15 голови по меч. 

Претходно лидер во овој сегмент беше Гвардиола кој стигна до 21 победа.