Ханси Флик не губи финалиња: Прво со Барса, а „шест од шест“ во кариерата!

Шпанскиот Суперкуп заврши во рацете на Барселона, откако каталонскиот гигант со 2-5 го декласира лутиот ривал Реал Мадрид во Џеда. Овој спектакуларен натпревар го одбележа ревијата голови, а на крајот Барса вторпат сезонава слави во „Ел Класико“. 

Во ова финале на Суперкупот до прв трофеј со Барселона стигна новиот тренер Ханси Флик. Германскиот стручњак во кариерата не знае какво е чувството да загубиш едно финале. 

Досега Флик има „шест од шест“ во финалињата и не знае за пораз. Освен ова финале со Барселона, тој претходно пет пати се радуваше со Баерн Минхен по еднаш во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, ДФБ Купот, Суперкупот на Германија и Светското клупско првенство. 

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Ханси Флик

    4-3-3