Ханси Флик го сака Лерој Сане во Барселона

Барселона полека ги решава финансиските проблеми и наскоро ќе може повторно да издвојува големи суми за трансфери.

Првите луѓе на Барселона планираат да испратат понуда до играчот на Баерн Минхен, Лерој Сане, кој полека ја загуби стартерската улога во екипата на германскиот фудбалски гигант.

Германскиот репрезентативец во сезонава ја нема посакуваната минутажа бидејќи се појави на само четири натпревари и тоа влегуваше во игра од клупата за резерви.

Новиот тренер на лидерот во Примера, Ханси Флик, кој одлично ги познава квалитетите на Лерој Сане, сака да го ангажира на „Камп Ноу“.