Хамшик заврши со Далијан и се враќа во Европа да брка настап на ЕП

Поранешната ѕвезда на Наполи, Марек Хамшик е пред враќање во Европа. Сепак, тој нема да заигра за Слован Братислава како што се веруваше, туку новата авантура ќе ја побара во Шведска, каде ќе заигра за Гетеборг.

Словакот замина од Европа во 2019 година, играше за Далијан во Кина и запиша 45 настапи за клубот, постигнувајќи пет погодоци. Иако има 33 години, многу веројатно сè уште да одговори на предизвикот во Шведска. 

Хамшик изненадувачки го напушти Наполи и тргна по „милионите“ во Кина, но во очи Европското првенство ова лето сака да ја врати формата. Така, во Гетеборг ќе има минутажа и ќе може да покаже дали е „штоф“ за првиот тим на репрезентацијата на Словачка.