ВИДЕО: Хамшик стигна во Гетеборг, фановите му приредија дочек на аеродром!

Поранешната ѕвезда на Наполи, Марек Хамшик и дефинитивно ја заврши својата авантура во Кина, па сега ќе стави потпис на договор со шведски Гетеборг. 

33-годишниот Словак ќе се обиде да се наметне за тимот кој ќе настапи на Европското првенство ова лето за својата репрезентација. Хамшик веќе пристигна во Шведска, а уште на аеродромот го дочекаа пресреќни фанови и му приредија одличен дочек. 

  • Дочекот на Хамшик во Гетеборг: 

Хамшик замина во Далијан во 2019 година, но сега е време за нов предизвик во Европа.