ВИДЕО: Хамшик со ГОЛЧИШТЕ се „чекира“ назад во Европа!

Марек Хамшик оваа зима се врати во Европа по својата авантура во Далиан Про во Кина и заигра за шведски Гетеборг. Екипата која оваа сезона е „мајстор“ за нерешени исходи, бидејќи има пет реми средби од седум натпревари во Алсвенскан лигата вчера одигра без победник и со Сириус (2-2). 

Вториот погодок беше дело токму на Хамшик, кој на неверојатен начин се „чекира“ пак на европско тло. По еден корнер, Словакот дочека одбиена топка и со атрактивен волеј ја смести во аголот од голот. 

  • Атрактивниот гол на Хамшик: 

За Хамшик ова беше шести настап во дресот на Гетеборг, од кои пет пати беше стартер. Искусниот фудбалер фаќа добар ритам и се очекува да заигра за Словачка на претстојното Европско првенство.