• Мартин Танасковски
Словачката фудбалска легенда Марек Хамшик се уште игра активно фудбал, но по принципот на Горан Пандев во Македонија, отвори своја Академија во Словачка под името „Јупи“, а таму лесно може да заврши еден македонски фудбалер.
Се работи за младиот талент на Вардар, Дамјан Марковски, кој настапува на десната бековска позиција. Играчот кој е роден 2003 година веќе се најде во бележникот во Академијата „Јупи“ на Хамшик и скоро сигурно ќе продолжи да се гради како фудбалер во Словачка.
Марковски во текот на зимскиот преоден рок замина во Кадино, но по едно коло во ВМФЛ-Запад заминува во Словачка по првиот интернационален предизвик.