Хамес Родригез потпиша за мексикански прволигаш

Хамес Родригез официјално заврши со Рајо Ваљекано и ја напушти Европа после само шест месеци. Некогашната голема колумбиска ѕвезда премина во редовите на мексиканскиот клуб Леон, каде потпиша двегодишна соработка. 

Во тимот на Рајо одигра само шест натпревари и не постигна ниту еден гол, а сега се очекува да биде солидно засилување за Леон, кој веќе го објави новото засилување. 

Родригез ја започна кариерата во Енвигадо, а потоа играше за Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло и Рајо Ваљекано. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.