Хамес Родригез ќе фаќа мундијалски залет во најлудата лига?

Хамес Родригез би можел да направи неочекуван потег во кариерата. Тој е слободен агент и е во потрага по нов клуб. Неочекувано, неговите агенти ја разгледуваат и опцијата за преселба во Полска.

Полскиот новинар Давид Добраш објави дека Родригез бил понуден на неколку клубови, а конкретен интерес покажала Краковија. Според неговите информации, веќе се воспоставени првичните контакти и постои реална можност разговорите да продолжат во конкретна насока.

Родригез на почетокот од годината го раскина договорот со мексиканскиот Леон и сега бара средина во која ќе може да влезе во натпреварувачки ритам. Главната цел на Колумбиецот е да се наметне кај селекторот пред Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а времето полека истекува бидејќи преостануваат уште само четири месеци.

<<< - ПОВРЗАНО - Се враќа најлудата лига во светот – првиот и последниот ги делат 11 бода!

Дополнителен предизвик претставува фактот што полскиот шампионат сезонава е целосно непредвидлив. Состојбата на табелата е таква што разликите се минимални, а изненадувачки, последната позиција моментално ја држи Легија Варшава, клуб со богата историја и традиција.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.