Хамес Родригез до крајот на месецов може да заврши во Катар?

Хамес Родригез се соочува со проблеми, бидејќи не е во плановите на Рафаел Бенитез во Евертон. 

Колумбискиот репрезентативец имаше проблеми со повреди во текот на поголемиот дел од кариерата, но дојде во Евертон по повикот на Карло Анчелоти и беше важен дел од тимот. Сепак, стручњакот замина назад во Реал Мадрид, а Родригез сега најчесто не е ниту во протоколот за игра. 

Иако долго беше поврзуван со трансфер во Милан, „росонерите“ се предомислија и тој остана во Евертон. Според најавите на „Тајмс“, Родригез би можел до крајот на септември да се пресели во Катар. Трансфер периодот во оваа земја трае до 30 септември, а плејмејкерот има големи шанси да замине. Сепак, медиумот не сакаше да го изнесе името на клубот, па останува да видиме во наредните денови.