Хамбургер го менува тренерот по вториот неуспех да се врати во Бундеслигата

Втора година по ред поранешниот европски првак Хамбургер не успеа да ја исполни целта и не се избори ниту за бараж за промоција во првата Бундеслига. Тоа е голем удар за гигантот од северна Германија, а цената за неуспехот ќе ја плати тренерот Дитер Хекинг. 

Искусниот тренер ќе ја напушти тренерската функција во германскиот второлигаш Хамбургер. Управата не е задоволна од работата на 55-годишниот Хекинг и нема да му го продолжи договорот. Хекинг и Хамбургер завршија на четвртото место во Втората Бундеслига и пак ќе мора да се справат со жестоката конкуренција во втората Бундеслига.

На позицијата на Хекинг ќе дојде Димитриос Грамозис, кој го водеше Дармштат минатата сезона. Арминија Билифилд и Штутгарт се екипите кои директно се пласираа во Бундеслигата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк