Халилхоџиќ не бегаше од хулиганите на последниот меч: „Бев во војна, ова не е ништо...“ (ВИДЕО)

Голем инцидент го одбележа натпреварот меѓу Нант и Тулуз, кој беше прекинат уште во 22. минута по упад на домашните навивачи на теренот.

Револтирани од испаѓањето на клубот во Втората лига, хулиганите предизвикаа целосен хаос на стадионот, а додека фудбалерите и судијката Стефани Фрапар бегаа кон соблекувалните, Вахид Халилхоџиќ остана покрај теренот и тргна кон навивачите.

Обезбедувањето се обидувало да го повлече, но легендарниот тренер мирно порачал: „Бев во војна, ова не е ништо“.

Наместо мирно збогување со тренерската кариера, Ваха го доживеа еден од најхаотичните моменти во животот, со факели, пиротехника и полиција на трибините. Босанскиот стратег низ кариерата ги водеше ПСЖ, Динамо Загреб, Алжир, Јапонија и уште многу големи клубови и репрезентации.