Халилхоџиќ го одведе Мароко на СП во Катар, но може да добие отказ

Мароканскиот фудбалски селектор Вахид Халилхоџиќ би можел да ја доживее истата судбина како Славољуб Муслин на клупата на Србија пред четири години. Популарниот Ваха со голем стил обезбеди пласман на Светското првенство, но тоа можеби нема да биде доволно за да ја задржи работата додека не замине во Катар.

Мароканската јавност е се погласна во барањата да се вратат во репрезентацијата најголемите ѕвезди кои Халилхоџиќ ги избрка во јануари пред Африканскиот Куп на Нации. Тоа се Хаким Зијеч од Челзи, Нусар Мазрауи и Ајакс, како и напаѓачот Абдеразак Хамдалу.

За ова прашање зборуваше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Мароко, Фузио Лекја, кој верува дека најдобрите фудбалери ќе се вратат во репрезентацијата.

„Работиме напорно за да ги вратиме играчите во националниот тим. Има проблеми што може да се поправат и ќе се поправат за да можат да се вратат нашите најдобри фудбалери“, рече Лекја.

Дали тоа значи дека навистина ќе дојде до промена на селекторот, останува да видиме, но навивачите се почесто се шпекулираат во таа намера, се по цена да се вратат првите ѕвезди.