• Иван Димовски
Вахид Халилхоџиќ заработи отказ во репрезентацијата на Мароко, пред сè поради различни размислувања со раководството на федерацијата, но и конфликтите со првите ѕвезди на тимот.
Босанецот не беше во добри односи со Хаким Зијеч, го изоставуваше од списоците, а не функционираше најдобро ниту со Ашраф Хакими и Нусаир Мазрауи. Поради тоа, тој се договори за спогодбен раскин на соработката. Халилхоџиќ сепак како што и беше најавено, сериозно ќе заработи од овој отказ. Иако според договорот му следуваа четири милиони евра, 68-годишникот прифати еден помалку, па Мароканците ќе му платат три милиони.
За Халилхоџиќ ова беше третпат да замине од селекција која успеал да ја одведе на Светското првенство, непосредно пред турнирот. Слична судбина доживеја и со Брегот на Слоновата Коска во 2010, како и Јапонија во 2018 година. Тој еднаш водеше репрезентација на Мундија, во 2014 година со Алжир стигна до осминафиналето. Покрај репрезентациите, Босанецот беше на многу екипи, од кои најзвучни се ПСЖ, Лил, Рен, Трабзонспор, Динамо Загреб, Нант...
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.