„Халанд, трепериш? Доаѓам“: Кукуреља го „пецна“ асот на Сити по освоениот трофеј (ВИДЕО)

Шпанија по четврти пат е шампион на Европа. Таа во финалето ја победи Англија во Берлин и на перфектен начин сосема заслужено стигна до нов европски трофеј. По големиот успех во Германија следуваше големо славје во Шпанија. Милион луѓе дојдоа да ги поздрават шампионите кои приредија уште една забава за фановите.

Марк Кукуреља привлече големо внимание. Фудбалерот на Челзи го зеде микрофонот и ја искористи приликата да го „пецне“ и Ерлинг Холанд. Додуша, се работи за песна која му ја посветија неговите обожаватели и која тој јавно ја отпеа. „Куку, Кукуреља, јаде паеља. Куку, Кукуреља, пие „Естреља“ (шпанско пиво). Халанд, трепериш, оти доаѓа Кукуреља“, пееше шпанскиот дефанзивец.

Тоа не беше единствениот детаљ за кој се зборуваше по прославата. Најголемиот проблем се создаде кога Родри и Алваро Мората го зедоа микрофонот и скандираа „Гибралтар е Шпанија“, па поради тоа мораше да реагира и шпанската влада.