Халанд сруши рекорд на Ван Нистелрој, стана играч кој најбрзо дал 15 голови во ЛШ!

Ерлинг Халанд продолжи да решета, а на своето конто одново го запиша Клуб Бриж

На дуелот во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Бриж, Норвежанецот слави мал јубилеј со 15 гол во елитното друштво. Сепак, овој гол го става Халанд високо на подиумот и тој стана играч кој најбргу постигнал 15 погодоци во Лигата на шампионите. 

Рекордот кој досега го држеше Руд Ван Нистелрој со 15 голови на првите 18 натпревари, Халанд го мина со дури шест мечеви помалку. Така, најперспективниот светски напаѓач на 12 средби во Лигата на шампионите стигна до границата од 15 погодоци. 

Оваа сезона, Халанд го дели лидерското место на листата стрелци во елитата, каде се наоѓаат со по пет гола со Маркус Рашфорд.