Халанд со само 50 минути игра стана играч на месецот во Бундеслигата

Ерлинг Халанд во јануарскиот преоден рок го комплетираше својот трансфер од Салцбург во Борусија Дортмунд, а веднаш по доаѓањето ги воодушеви „жолто-црните“ фанови. Норвежанецот на првите пет официјални средби за новиот клуб постигна осум погодоци.

Челниците на Бундеслигата одлучија Халанд да биде прогласен за играч на месец јануари, иако одигра само малку над 50 минути, но даде заносни пет погодоци. 

  • Објава за играч на месецот: 

На првиот дуел во Бундеслигата, за само 35. минути постигна хет-трик на гостувањето кај Аугсбург (3-5), а во домашната победа против Мајнц од 5-1 даде два гола. Поради импресивните бројки, Халанд го доби признанието како стимул за уште повеќе мотивација.