ВИДЕО: Халанд со „луд“ гол во 92. минута ѝ донесе три бода на Борусија!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд успеаја да прокнижат нови три бода во Бундеслигата, откако на својот „Сигнал Идуна Парк“ го победија Хофенхајм со 3-2 (0-0). Пресметката од третото коло на германската елита не понуди голови во првиот дел, а во продолжението паднаа дури пет.

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот тргна во високо темпо, а по само три минути Андреј Крамариќ ја стресе пречката на Борусија. На спротивната страна, домаќинот одговори со две шанси преку Реина и Аканжи, но Бауман го спасуваше својот гол. Работа до полувремето имаше и голманот Кобел, кој по ударот на Баумгартнер одлично се снајде и одбрани зицер, па немаше голови по првите 45 минути. 

„Милионерите“ поведоа веднаш по паузата, со погодокот на Џовани Реина. Младиот крилен играч доби проигрување од Белингем и ја смести топката во мрежата за 1-0 во 49. минута. Хофенхајм веднаш одговори со нова можност на Крамариќ, а веднаш потоа и со израмнуање. Кристоф Баумгартнер стрелаше за гостите по добра акција, за 1-1 во 61. минута. 

Сепак, Борусија ја врати предноста, откако на асистенцијата Џуд Белингем, Реина запиша ефектен гол. Само осум минути по израмнувањето, младиот Англичанец ја врати позитивата на својот тим. Темпото на игра се смири, а гостинската екипа мудро ја чекаше својата шанса. Течеше последната минута од регуларниот тек, кога резервистот Мунас Дабур одново донесе израмнување за Хофенхајм. По корнер, Акпогума играше со глава, а на втората статива осамен беше Израелецот и лесно погоди (2-2). 

Иако доцна израмнија, гостите не успеаја да однесат бод од Дортмунд. Ерлинг Халанд круниса „луда“ акција со гол, па во 92. минута погоди за 3-2 и триумф на својот тим. Токму тој направи најмногу во акцијата, повлече лево и врати на петерецот до Волф, кој изнуди прва одбрана од Бауман. Топката се врати до Мукоко, чиј удар го скроти Бауман, ама затоа од третиот обид непогрешлив беше Норвежанецот кој го постави конечниот резултат. 

Состави

Marco Rose

4-1-2-1-2

    Sebastian Hoeness

    4-2-3-1