Халанд се враќа на „Сигнал Идуна Парк“ и одново ќе ја напаѓа Борусија

Халанд

Ерлинг Халанд, еден од водечките стрелци во претходниот дел од Лигата на шампионите (заедно со Роберт Левандовски и Мохамед Салах), го мина натпреварот од претходното коло на клупата и тоа е една од причините поради која неговиот Манчестер Сити на гостувањето во Копенхаген одигра без голови. Со оглед на тоа што „граѓаните“ веќе обезбедија следна рунда, не би било изненадување доколку нивниот тренер Пеп Гвардиола реши да го одмори младиот Новрежанец на теренот на кој му е толку познат, со оглед на сезоните што ги мина во жолто-црниот дрес на Борусија Дортмунд.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на шампионите >>>

„Милионерите“ имаат адут во своите редови да се надеваат на успех против Сити, кој би ги испратил во осминафиналето. Англискиот напаѓач Џуд Белингем, кој на 29 јуни наполни 19 години, постигна само еден гол помалку од Халанд. На констатација на новинар дека триумф против неговите сонародници ќе донесе следна фаза за Дортмунд, момчето кое играше за Бирмингем на Островот накратко прокоментира дека тоа би било „едноставно одлично“.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот Борусија Дортмунд - Манчестер Сити >>>

За Сити. за првото место на табелата е доволен и нерешен резултат, кој во зависност од резултатот на натпреварот помеѓу Севиља и Копенхаген, кој се игра неколку часа пред овој, би им одговарал и на домашните. Сепак, не можеме да замислиме ниту еден од нив да калкулира. Дортмунд загуби само два од последните четиринаесет натпревари од Лигата на шампионите одиграни на домашен терен, има вкупно осум победи, а на претходните дваесет дуели во ова натпреварување само еднаш не постигна гол. Бидејќи против себе има ривал кој вообичаено постигнува барем два гола, ГГ3+ ни се чини дека е најдобриот избор. Што се однесува до исходот, сепак очекуваме двојка.