• Зоран Мишевски
Најдобриот стрелец во претходните две сезони на Премиер лигата, Ерлинг Халанд се распука уште во подготвителниот период. Откако погоди против Селтик во првиот натпревар на Сити во САД, Норвежанецот даде два гола за три минути во пријателскиот натпревар против Челзи.
Халанд погоди во третата и петтата минута, што беше вистински шок за „сините“.
На клупата на Челзи од оваа сезона седи поранешниот асистент на Гвардиола, Енцо Мареска.