ВИДЕО: Халанд продолжи да решета, Ајнтрахт се загуби во Дортмунд

Борусија

Борусија Дортмунд скокна на второто место во Бундеслигата со денешната убедлива победа на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт (4-0).

Норвежанецот Ерлинг Халанд започна од првата минута и постигна нов погодок. Тој реализира за 3-0, по одличната асистенција на Хакими. Претходно, Писчек отвори со прекрасен удар од далечина, а Санчо го покажа целиот свој раскошен талент и со соло-акција постигна лесен погодок за двојна предност на „милионерите“.

  • Извештај од натпреварот: 

Доминацијата на тимот од Дортмунд беше потврдена во завршницата. Рафаел Гереро ја искористи незаинтересираноста на противничката одбрана и со одмерен удар со левата нога и го постави конечниот резултат.

Сега Борусија заостанува само бод зад лидерот Баерн Минхен, а има исто бодови со РБ Лајпциг.