Халанд потпиша до 2034 година, но уште налето може да го напушти Сити

Иако Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити на 9,5 години, „граѓаните“ на лето би можеле да останат без него.

Двете страни потпишаа договор до 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно. Клубот од „Итихад“ доста добро се обезбеди, бидејќи во договорот нема откупна клаузула до 2029 година, па дури потоа ќе биде активирана за сите клубови, но не се знае нејзината висина.

Сепак, за Сити не е сè така идеално – „ситните букви“ во договорот „кријат“ една проблематична ставка за „граѓаните“. Има еден услов под кој Норвежанецот може да го напушти клубот без Манчестер Сити да поставува премногу прашања, со што играчот е осигуран во случај клубот значително да пропадне.

Како што ексклузивно открива „Ел Национал“, Халанд може да преговара со други клубови доколку Манчестер Сити не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.  Сити моментално има големи резултатски проблеми и пласманот во Лигата на шампионите не е загарантиран, а со тоа не е ниту останувањето на Халанд на „Итихад“.