Халанд по петте гола со Лутон: „Погледнете што прави Де Брујне“

Манчестер Сити демонстрираше сила во дуелот со Лутон во ФА Купот, а тоа особено се однесува на петкратниот стрелец Ерлинг Халанд. Во сенка на неговиот фантастичен голгетерски настап остана извонредната партија на Кевин де Брујне, кој забележа дури четири асистенции, а вкупно 11 во само 12 натпревари сезонава.

Затоа Халанд по натпреварот сакаше да го насочи центарот на вниманието кон својот соиграч.

„Се разбира, Кевин има огромно влијание. Погледнете што прави! Тој го прави тоа што го знае најдобро.

Задоволство е да се игра со е Брујне. Добро сме поврзани. Мислам дека знаеме што сакаме еден од друг. Тој е паметен човек и сакам да играм со паметни соиграчи“, рече Халанд.

Победата над Лутон беше предигра за „граѓаните“ за она што ги очекува викендов и дуелот со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Најнови вести од
ФА Куп, Англија