Доминација на Халанд: Петти пат по ред е фудбалер на годината во Норвешка

Ерлинг Халанд ја продолжи доминацијата во Норвешка и повторно е најдобар фудбалер на годината.

24-годишникот имаше одлична година со Манчестер Сити и на тимски и на личен план, па сосема заслужено се најде на врвот. За Халанд ова е петти пат по ред како тој ја добива престижната награда.

Сличен епилог имавме и кај дамите, затоа што за најдобра прогласена е Каролин Грахам Хансен од Барселона која победи петти пат во последните шест години.