Халанд одлучил дека ќе игра во Премиер лигата

Халанд

Ерлинг Халанд е една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата. Заедно со Килиан Мбапе, норвешкиот напаѓач треба да биде лидер на фудбалот во светски рамки. Тие двајца се очекува да ги заменат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои се на крајот од своите кариери.

Долго време се шпекулира околу иднината на членот на Борусија Дортмунд. Долга е листата екипи кои го посакуваат во своите редови, но се чини дека 20-годишникот веќе го направил изборот каде ќе игра.

Уште ова лето Халанд би можел да заврши во Премиер лигата. Роман Абрамович силно го посакува во својата екипа, па Челзи испрати богата понуда до „милионерите“ за талентираниот голгетер.

Томас Тухел смета дека фудбалер како Норвежанецот е последното парче од сложувалката која му недостасува на неговиот тим. Тоа го кажува поради лошата форма која ја прикажа Тимо Вернер откако пристигна во Лондон.

Халанд запиша 43 настапи во изминатата сезона кои ги зачини со 40 погодоци.