ВИДЕО: Халанд немилосрден против Фрајбург, Чурлинов од клупата го следеше ремито со Баер

По неочекуваниот кикс и поразот од Аугсбург, фудбалерите на Борусија Дортмунд експресно им се вратија на победите во Бундеслигата и денес со убедливи 4-0 (1-0), го совладаа составот на Фрајбург. 

  • Борусија Дортмунд - Фрајбург 4-0:

„Милионерите“, иако без неколку стандардни првотимци, меѓу кои и болниот Санчо, лесно се справија со незгодниот противник, кому му го нанесоа првиот овосезонски пораз во германскиот шампионат. Човек на одлука беше норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој денес беше немилосрден кон противникот и двапати се запиша во листата на стрелците. 

Резултатот го отвори во 31. минута, откако на додавање на Рејна „заби“ со лева нога, а и вториот погодок го постигна речиси од идентична ситуација и исто така по додавање на Џио Реина, за 3-0. За домаќините стрелаше уште Емре Чан на самиот старт од вториот дел, додека конечните 4-0 ги постави Пишчек со гол во самиот финиш.

Од денешната програма на третото коло на Бундеслигата убедлив беше и тимот на Борусија Менхенгладбах, кој на гости славеше над Келн со 1-3, а три бода уште освоија и екипите на Ајнтрахт Франкфурт (2-1 против Хофенхајм) и Вердер Бремен (1-0 против Арминија Билифилд). 

  • Келн - Борусија Менхенгладбах 1-3:

Нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов повторно остана на клупата за резерви во ремито на неговиот Штутгарт против Баер Леверкузен (1-1).