Халанд нема да игра ни за Норвешка: „Постои ризик од компликации“

Поради мускулна повреда најдобриот играч на фудбалската репрезентација на Норвешка, Ерлинг Халанд, и официјално ќе ги пропушти следните два квалификациски натпревари за Светското првенство.

Младиот напаѓач исто така не беше во ростерот на својот тим Борусија Дортмунд на последните три натпревари, но се веруваше дека ќе биде подготвен за настап во репрезентативниот дрес.

„За жал, заздравувањето оди премногу бавно, и постои ризик од компликации доколку Ерлинг прерано се врати на терените“, изјави докторката на репрезентацијата на Норвешка, Ола Санд.

По шест одиграни кола во групата Г, Норвешка го дели првото место со Холандија со 13 освоени бода, третопласираната Турција има 11, а четвртопласираната Црна Гора осум бода.