Халанд нема да биде капитен на Сити затоа што „дава многу голови“

Ерлинг Халанд нема да ја добие капитенската лента на Манчестер Сити, а новиот тренер Енцо Мареска понуди интересно и необично објаснување за таквата одлука – норвешкиот голгетер постигнува премногу голови.

По заминувањето на Бернардо Силва во Реал Мадрид, капитенската функција остана испразнета, а Халанд беше меѓу најсериозните кандидати за наследник на лентата. Сепак, Мареска има специфична филозофија која ја применувал и во Лестер и во Челзи.

Италијанскиот стратег смета дека моментот веднаш по постигнат гол е идеален за тренерот да му пренесе тактички инструкции на капитенот, кој потоа треба да ги пренесе до соиграчите на теренот.

„Проблемот со Халанд е што постигнува премногу голови. Ако тој е капитен, ќе мора постојано да разговарам со него по секој погодок“, се пошегувал Мареска при објаснувањето на својата одлука.

Во моментов Манчестер Сити располага со неколку фудбалери кои се дел од капитенската група, но Мареска сè уште нема донесено конечна одлука кој ќе биде прв капитен на тимот.