Халанд не знае за доста: Го стигна Ван Нистелрој на вечната листа во ЛШ

Норвешката гол-машина продолжува со рушење на рекорди. 

Фудбалерот на Манчестер ити, Ерлинг Халанд, синоќа постигна гол во победата од 2-0 над Галатасарај во осмото коло на Лигата на шампионите. 25-годишниот Норвежанец го отвори резултатот во 11. минута по додавање на Жереми Доку. Со ова, Халанд постигна 56 гола во 56 натпревари во натпреварувањето. Тој се искачи на осмото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња, израмнувајќи се со Холанѓанецот Руд ван Нистелрој (56 гола).

Германецот Томас Милер е седми со 57 гола. Португалецот Кристијано Роналдо е на врвот на листата со 140 гола.

Манчестер Сити заврши на осмото место во генералниот пласман во Лигата на шампионите со 16 бода и се пласира во осминафиналето.