Халанд не успеа да го сруши рекордот на Галиќ

Напаѓачот Ерлинг Халанд беше навистина близу, но не успеа да го израмни светскиот рекорд на Србинот Милан Галиќ.

Норвежанецот не беше во составот за пријателскиот натпревар со Нов Зеланд (1-1), па затоа остана со девет последователни натпревари за репрезентацијата во кои постигнуваше голови, (против Словенија, Казахстан, Молдавија, Израел, Италија, Естонија, Финска и повторно против Молдавија и Израел). Во таа серија, неверојатниот Халанд постигна дури 17 голови.

Носител на светскиот рекорд стар 65 години е Милан Галиќ. Поранешниот југословенски репрезентативец постигна голови во десет последователни натпревари во текот на шеесеттите години на минатиот век. 

ФОТО/PHOTO: Manchester City FC