• Саше Љолес
Норвежанецот Ерлинг Халанд настапил на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство против Англија и покрај тоа што бил болен, тврди поранешниот напаѓач на Челзи, Тони Каскарино.
Каскарино откри дека за време на полувремето од дуелот, во кој Англија ја совлада Норвешка со 2-1 по продолженија, добил порака од доверлив извор дека Халанд непосредно пред мечот се борел со вирус.
„Не изгледаше добро физички. Излезе од игра, а не беше поради повреда. Претпоставувам дека тоа што го слушнав беше точно. Се бореше со болест“, изјави Каскарино.
Халанд го одигра својот најслаб натпревар на Мундијалот. Беше речиси незабележлив покрај англиските стопери Марк Геи и Џон Стоунс, а неговиот настап дополнително ги засили шпекулациите дека не бил целосно подготвен.
Неколку дена пред четвртфиналето се појавија информации дека вирус се проширил во соблекувалната на норвешката репрезентација, но тогаш не беше објавено кои фудбалери се заразени.
Според овие информации, вирусот го погодил и најголемиот адут на Норвешка, која не успеа да го продолжи својот историски настап на Светското првенство и да обезбеди место во полуфиналето. Халанд остана на теренот до крајот на првото продолжение, по што селекторот Стале Солбакен го повлече од игра.




