Халанд на чекор до вековен рекорд во норвешката репрезентација

Ерлинг Халанд е често критикуван за настапите за својата репрезентација. Но, само два гола го делат до историски рекорд. Голот што го постигна во 80. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од Лигата на нации го доближува до рекордот на легендарниот Јирген Јуве.

Најдобриот стрелец во историјата на Норвешка постигна 33 гола на 45 натпревари во периодот од 1928 до 1937 година, што значи дека на напаѓачот на Манчестер Сити му недостасува само еден гол за да го израмни и два да го надмине овој рекорд. Халанд досега одигра десет натпревари помалку од Јуве, а има само 24 години.

Во тековната сезона, неверојатниот Норвежанец постигна осум гола за репрезентацијата на својата земја и Манчестер Сити, а одигра само шест официјални натпревари. 

Состави

Staale Solbakken

4-3-3

    Ралф Рангник

    4-3-3