ВИДЕО: Халанд ја доближи Борусија до Баерн, „покер“ голови за новото „златно момче“

Халанд

Борусија Дортмунд направи пресврт во второто полувреме и освои три бода на гостувањето кај Херта (2-5) во осмото коло од Бундеслигата.

  • Херта - Борусија Дортмунд 2-5:

Ерлинг Халанд запиша „покер“ од голови и со симултанка им пресуди на домашните фудбалери, кои имаа сили да се надигруваат само во првиот дел.

Куња пред крајот на полувремето погоди од далечина за почетна предност на домаќинот. Неговиот силен удар го натера Бурки да капитулира и да ја вади топката од својата мрежа. Само четири минути во продолжението му беа потребни на норвешкиот голгетер да донесе пресврт. Во двата наврати успеа да ја измами домашната одбрана и да се израдува на два гола.

Следуваше негова нова одлична соло-акција по која зголеми на 1-3, до крајот тој постигна уште еден четврти гол, а во листата на стрелци се запиша уште и Рафаел Гереиро. Куња од пенал го ублажи поразот на Херта. Со оваа победа Борусија се доближи до лидерот Баерн Минхен, кој во ова коло не успеа да го победи Вердер Бремен.

Киксот на Баварците не го искористи РБ Лајпциг кој одигра нерешено на гости кај Ајнтрахт Франкфурт (1-1). Головите ги постигнаа Баркок за домаќините и Јусуф Полсен за гостите. 

  • Ајнтрахт Франкфурт - РБ Лајпциг 1-1: 

Баерн Минхен остана лидер и покрај денешното реми против Вердер, но сега само еден бод зад шампионот се Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен