Халанд има повеќе голови од цел напад на Реал - ЗАЕДНО!

Халанд Реал

Напаѓачот за кого се зборува низ цела Европа е Ерлинг Халанд. Тинејџерот, кој настапува за Борусија Дортмунд, полека најавува дека ќе биде ѕвезда на иднината.

Од него и имиња како Килиан Мбапе, Џејдон Санчо и многу други талентирани играчи, се очекува да ја пополнат празнината која ќе ја остават Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Интересен податок неодамна ја шокира фудбалската јавност и истиот вели дека 19-годишниот Норвежанец постигна повеќе гола од сите напаѓачи на Реал Мадрид - ЗАЕДНО!

Осум фудбалери, меѓу кои се Лука Јовиќ, Еден Азар, Карим Бензема, Герет Бејл..., постигнаа 38 погодоци, а Халанд во тековната сезона се има запишано во листата на стрелци во 40 наврати.

Со последните две реализации, голгетерот на „милионерите“ го сруши ПСЖ и обезбеди предност во осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите и погоди во саботниот дуел од Бундеслигата против Вердер Бремен.