ВИДЕО: Халанд и Муние сервираа тежок пораз за Фрајбург во Дортмунд

Борусија Дортмунд немаше проблеми да стигне до три бода на домашниот судир со Фрајбург (5-1) во рамките од 19. коло од Бундеслигата. Халанд запиша два гола и потврди дека комплетно се врати во форма по тешката повреда и отсуството од неколку месеци. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Милионерите“ ја намалија разликата на лидерот Баерн Минхен, зад кого сега заостануваат само три бода, но шампионо има и натпревар помалку. Добрата игра на домашната екипа на стартот со два гола ја награди Белгиецот Томас Муние. По половина час игра веќе беше 2-0, а Ерлинг Халанд пред крајот на полувремето се надоврза за уште поубедливо водство на тимот на Марко Розе.

Гостите добија трошка надеж во 61. минута, кога Ермедин Демировиќ постигна прв гол во домашната мрежа. Домашните навивачи имаа нова причина за радост, кога Халанд со втората реализација стави точка на натпреварот. Норвежанецот стигна до 15 погодоци во тековната сезона од германскиот шампионат. На голеадата во финишот се надоврза Махмуд Дахуд, кој по петти пат го совлада Бенџамин Упхоф.

Фрајбург го запиша петтиот сезонски пораз. Со истиот им направи услуга на ривалите кои го бркаат во потрага по место кое носи излез во Европа.

Состави

Christian Streich

4-2-3-1