Халанд го наследи Левандовски и стана најмлад најдобар стрелец во историјата на ЛШ

Халанд

Ерлинг Халанд е наследникот на Роберт Левандовски, како најдобар стрелец во изминатата сезона во Лигата на шампионите.

Голгетерот на Борусија Дортмунд постигна десет гола, а тоа го направи со само осум одиграни натпревари. Зад себе го остави Килиан Мбапе со осум реализации. Потоа следуваа дури шест играчи со по шест погодоци. Норвежанецот исппиша историја и стана најмладиот фудбалер кој остварил ваков подвиг. Шест гола постигна во групната фаза, а останатите четири во осминафиналниот двомеч против Севиља.

Халанд ја заврши сезоната со 41 погодок на 41 настап во сите натпреварувања за Борусија Дортмунд. 20-годишникот исто така им помогна на „црно-жолтите“ да го освојат Купот на Германија и да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.

Минатата сезона најефикасен беше Левандовски со 15, а претходно 12 сезони во низа наградата завршуваше или кај Лионел Меси или во рацете на Кристијано Роналдо.