• Горан Упале
По победата на Манчестер Сити над Реал Мадрид на гости во шестото коло од Лигата на шампионите, Ерлинг Халанд се приклучи на програмата на „CBS“.
Неговото појавување на екранот беше поздравено со аплауз од сите во студиото - вклучувајќи ги Мика Ричардс, Тиери Анри и Џејми Карагер. Но, веројатно никој не очекуваше таков поздрав од другата страна:
„Малку се нервирам кога го гледам Џејми Карагер во студиото. Тој е како пиштол на готовс сега, само чека“, се насмеа Халанд, алудирајќи на исклучително острите коментари што Карагер му ги упати на Мохамед Салах.
Инаку, напаѓачот на Манчестер Сити го реши дербито со Реал во Мадрид, откако го постигна победничкиот гол на „граѓаните“ од пенал.




