• Горан Упале

По херојската победа над Португалија среде Лисабон, вредна директен пласман на Светското првенство во Катар, фудбалската селекција на Србија го забележа вториот пораз во низа. Во првото коло од новата сезона во Лигата на нации, момците на Драган Стојковиќ – Пикси беа немоќни против селекцијата на Норвешка и групната фаза ја отворија со минимален пораз од 0-1. Претходно, Србија беше поразена со 3-0 од Данска, а по историскиот натпревар со поранешниот европски шампион има и една победа над Унгарија со 1-0.
- Србија - Норвешка 0-1:
Во дуелот кој беше реприза од ланското полуфинале во плеј-офот за пласман на Европско првенство, Норвежаните им сервираа одмазда на „орлите“, а творец на победата на скандинавската држава беше големата фудбалска ѕвезда, Ерлинг Халанд. Новиот член на Манчестер Сити, откако на стартот од натпреварот пропушти колосална шанса за погодок, во вториот обид не погреши и со сигурна реализација донесе молк на „Рајко Митиќ“ и победа на својата селекција од 0-1.
Србија, иако беше фаворит за трите бода, не успеа тоа да го докаже на терен и третата сезона во Лигата на нации ја отвори со заслужен пораз.
- Словенија - Шведска 0-2:
Во рамките од Лигата Б вечерва се одиграа уште два натпревари, на кои Израел и Исланд одиграа без победник (2-2), додека Шведска со головите на Форсберг и Кулушевски со 0-2 славеше на гостувањето кај Словенија