ВИДЕО: Халанд е машина – даде еврогол на гостувањето во Северна Ирска

Ерлинг Халанд продолжи да ги одушевува фудбалските љубители во светот, откако овојпат во дресот на репрезентацијата постигна одличен погодок на гостувањето во Северна Ирска. 

Селекциите на Норвешка и Ирска стартуваа ефектно и по првите седум минути постигнаа три гола, а оној на Халанд за 1-2 беше ефектен волеј за паметење. 

  • Погодокот на Халанд: 

Репрезентацијата на Норвешка не запре и веќе во 19. минута преку Сорлот поведе и со 1-3 во Белфаст.