ФОТО: Халанд доби потпишан дрес од својот идол од детството

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд раскажа за својот фудбалски идол од детството и ја изненади пошироката фудбалска јавност.

<<< ПОВРЗАНО - Халанд ги изненади сите: Ибра и Роналдо се сјајни, но Мичу од Свонси ми беше идол

Имено, голгетерот на Борусија Дортмунд црпеше инспирација гледајќи го напаѓачот на Свонси Сити, Мичу. Шпанскиот офанзивец своевремено важеше за еден од подобрите во Премиер лигата.

19-годишникот доби специјален подарок и истиот го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

По одличното издание против ПСЖ, норвешкиот интернационалец призна дека би сакал еден ден да го запознае Кристијано Роналдо, кој е една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.