Халанд беше запрашан што би работел ако не беше фудбалер, одговорот ги изненади сите

Ерлинг Халанд без сомнение е еден од најдобрите светски фудбалери во моментов и игра сезона за паметење во Манчестер Сити. Но, доколку не успееше како фудбалер, Халанд точно знаеше што ќе правеше во животот, а никој не беше подготвен за ваков одговор. Норвешкиот голгетер минатото лето ја напушти Борусија Дортмунд и потпиша за Манчестер Сити во трансфер вреден „само“ шеесет милиони евра и се покажа дека го направи најдобриот можен потег.

Норвешкиот напаѓач брилјира во дресот на клубот од „Етихад“, со кој веќе успеа да ја освои титулата англиски шампион, а до крајот на сезоната со Манчестер Сити ќе игра во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, и финалето од Лигата на шампионите против Интер

Халанд пред неколку дена беше на церемонијата на прогласување на најдобрите играчи во Премиер лигата и даде и интервју за „Скај“ кое веднаш стана вирално. Новинар на „Скај“ го праша Халанд дали знае што ќе работел во животот доколку не бил фудбалер, а одговорот што го даде напаѓачот на Манчестер Сити изненади многумина.

„Што би бил ако не сум фудбалер? Па, веројатно заварувач или вработен во фарма“, рекол Халанд, што го остави без зборови новинарот на „Скај“.

Иако неговото семејство е многу приврзано за спортот поради неговиот татко, кој исто така бил фудбалер, јасно е дека децата ги воспитувале да бидат скромни и цврсто на земја и дека успеале да го направат тоа - Халанд е најдобар пример.

Во досегашниот дел од сезоната, неверојатниот Халанд постигна дури 52 гола во сите натпреварувања на 51 одигран натпревар и додаде уште девет асистенции. Без сомнение тој е еден од најдобрите во светот и се чини дека е само прашање на време кога ќе ја освои „Златната топка“.