• Саше Љолес
Славниот холандски фудбалер, Рафаел ван дер Варт, упати големи критики кон норвешката ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, и во разговор со домашните медиуми изјави дека напаѓачот одиграл исклучително бледо на мечот против Реал Мадрид.
„Го гледав натпреварот и можам да кажам дека Халанд беше меѓу најслабите играчи на теренот. Реал го затвори комплетно и не му дозволи да мрдне, па веднаш на површина излезе неговата немоќ кога не добива солидни топки од соиграчите.
Просечен настап на првата ѕвезда на тимот, мислам дека и навивачите ќе се согласат со мене. Не сакам ова да го сфатите како жестока критика, но ако гледаме објективно, знам дека сум во право. Се надевам дека ќе биде далеку подобар на реваншот“, изјави Ван дер Варт.
Актуелниот европски шампион извлече големо реми на „Сантијаго Бернабеу“ и на домашен терен ќе се обиде повторно да го елиминира најтрофејниот клуб на стариот континент. Возвратниот дуел меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид е закажан за 17 април.