ВИДЕО: Хал со стоп за лидерот, Алиоски и Лидс поразени по седум меча! 

Екипата на Лидс Јунајтед по седум победи во низа, конечно ја вкуси горчината на поразот во Чемпионшип, откако пред своите гледачи неочекувано загуби од тимот на Хал Сити со 0-2 (0-1). 

Сепак, и покрај поразот во последниот натпревар во календарската година, тимот од Јокршир останува на челната позиција на табелата со 51 бод, два повеќе од второпласираниот Норич, кој денес одигра само 2-2 на мечот со Дерби Каунти. 

Лидс, иако доминираше во текот на сите 90 минути, нападот тотално потфрли и не успеа да изгради посериозни шанси за гол, додека дефанзивата потклекна во клучните моменти. Резултатот го отвори Бовен со гол во 25. минута, додека истиот фудбалер на стартот од вториот дел повторно го совлада Пикок-Фарел за конечни 0-2. 

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски повторно беше стартер и ги одигра сите 90 минути на „Еланд Роуд“.