• Мартин Танасковски
Екипата на Хал Сити по девет години повторно ќе игра во Премиер лигата, откако во финалето од плејофот во Чемпионшип, во „најскапиот меч“ на Островот заради високата премија со пласманот во Премиер лигата, на „Вембли“ со 1-0 го совлада Мидлсбро.
Херој на „тигрите“ беше искусниот Оливер Мекбрни, кој победничкиот гол го постигна длабоко во судиското продолжение и донесе огромна радост за клубот и навивачите. Интересно е што Хал едвај успеа да избори место во плејофот, откако дури во последното коло од регуларниот дел ја обезбеди завршницата. Сепак, тимот потоа одигра одлично во елиминациите и на крајот заслужено обезбеди промоција во елитното друштво.
Мидлсбро беше подобар противник во поголем дел од натпреварот и создаде повеќе шанси. Особено се истакна голманот на Хал, Ивор Пандур, кој со неколку клучни интервенции го одржуваше својот тим во игра.
Во првото полувреме опасни беа Лазар Самарџиќ, Мекгри и Стрелец, но реализацијата изостана. На спротивната страна, најдобрата можност за Хал ја имаше токму Мекбрни, кој со удар со глава ја погоди пречката непосредно пред паузата.
Во второто полувреме Мидлсбро продолжи со иницијативата, а голема шанса имаше и резервистот Хансен, но Пандур повторно беше на висина на задачата. Кога се очекуваа продолженија, во петтата минута од судиското надополнување Оливер Мекбрни ја затресе мрежата на Мидлсбро и го однесе Хал назад во Премиер лигата.


