• Саше Љолес

Мароканскиот репрезентативец, Ашраф Хакими, зборуваше со француските медиуми за актуелната ситуација во ПСЖ, а се осврна и на неговиот соиграч, Килијан Мбапе.
Хакими смета дека Мбапе имал убедливо најдобар учинок минатата година и заслужува да ја добие престижната „Златна топка“, која му припаѓа на најдобриот светски фудбалер.
„Килијан е неверојатен. Погледнете го неговиот учинок минатата година и веднаш ќе ви стане јасно за што зборувам. Тој потполно ја заслужува „Златната топка“, затоа што е фанстастичен фудбалер и убедливо најдобар во светот.
Неколку сезони е вистински предводник на ПСЖ, а особено е фантастичен во француската репрезентација. Незапирлив е. Тој е за мене вистинскиот кандидат за трофејот“, изјави Хакими.
Француската ѕвезда е во најтесниот избор за престижната титула, а со него во „трката“ се Лионел Меси од Интер Мајами и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Свечената манифестација за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз.