Хакими ќе биде подготвен и ќе игра за Мароко на Африканскиот куп на нации

Селекторот на репрезентацијата на Мароко, Валид Реграги, изјави дека ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими ќе биде подготвен за Африканскиот куп на нации, кој започнува на 20 декември.

„Хакими ќе игра на Африканскиот куп на нации. Тој ќе биде подготвен. Медицинскиот тим е еден од најдобрите во светот и ќе го подготви за игра“, изјави Реграги. 

ПСЖ објави во среда дека Хакими ќе отсуствува најмалку шест недели поради повреда на глуждот што ја заработи по катастрофалниот старт на Луис Диаз од Баерн Минхен.

Африканскиот куп на нации се игра од 21 декември до 18 јануари во Мароко.