ВИДЕО: Хакен изненадувачки го освои шведскиот Куп со победата против Малме

Фудбалерите на Хакен се сензационален победник на КУпот на Шведска, откако во финалето денес го совладаа тимот на Малме по изведувањето на пренали со 5-6, откако мечот во регуларниот тек заврши 2-2. 

Првакот од минатата сезона и учесник во Лигата на шампионите, Малме поведе со 0-2 со головите на Розенберг во 39. минута и на Магнус Ејкрем пет минути подоцна. При 2-0 се чинеше дека Хакен не може да се врати во мечот во вториот дел. 

Сепак Демба Севиџ во 61. минута намали на 2-1, а Насиру Мохамед во 66. минута израмнија на 2-2, што на крајот беше конечен резултат и по 90 и поп 120 минути. Промашувањето на Антон Тимер