• Саше Љолес
Хрватскиот фудбалски гигант, сплитски Хајдук, очигледно има намера да создаде исклучително силен тим за следната сезона и конечно да го симне од тронот најголемиот ривал, Динамо Загреб.
Откако во клубот пристигнаа неколку звучни засилувања, сега управата се сврте и кон уште еден играч кој има богато искуство од англиската Премиер лига. Се работи за египетскиот репрезентативец Мохамед Елнени, кој цели осум години беше дел од Арсенал и за „топчиите“ одигра повеќе од 100 натпревари во сите конкуренции.
Елнени минатата сезона одигра само шест натпревари во дресот на „топчиите“ и се чини дека го губи своето место во тимот, па Хајдук сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе во Хрватска. 32-годишниот фудбалер ја започна кариерата во домашниот Ал-Мокавлун, а играше уште за Базел и Бешикташ.
Хрватските медиуми пишуваат дека преговорите со Елнени се одвиваат во добар правец, па ја очекуваат потврдата на трансферот во следниве денови.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.