• Зоран Мишевски
Хајдук го совлада Динамо со 2-1 во дербито одиграно на „Пољуд“ во Сплит во рамките на деветтото коло од хрватскиот фудбалски шампионат.
- Извештај од натпреварот:
Стрелци за сплитските „бели“ беа МекКена (автогол) и Санианг кои го донесоа пресвртот и победата пред преполнетите трибини. Загрепчани поведоа рано со голот на Белјо, но не успеаја да ја сочуваат предноста до крајот.
Натпреварот го одбележа одлична атмосфера, но и неколку прекини поради пиротехничко шоу на домашните навивачи „Торцида“. Главниот судија продолжи дури СЕДУМНАЕСЕТ минути во второто полувреме.
Со оваа победа, Хајдук освои важни три бода во трката за шампионската титула во хрватското првенство. Спкиќани водат со 19 бода, три повеќе од Динамо, но шампионот од Загреб има натпревар помалку.




